Во близина на влезот во Националниот парк „Секвола“ во местото Три Реки во американската сојузна држава Калифорнија е изградена рустикална куќа, која е одлично мсто за одмор и уживање.
Куќата „Кеви Фолс“, која изградена врз река, чии води протекуваат под подот на објектот, е дизјанирана според оргинална замисла на еден од најистакнатите архитекти на 20-от век Френк Лојд Рајт.
Покрај делот над реката, куќата има и додаток што е сместен на самиот речен брег.
Во трпезаријата на куќата има стаклен под преку кој се гледа течењето на реката, а од оваа просторија има мал мост што води до приватна тераса, од која се пружа поглед кон блиската шума и каменестиот планински пејзаж.