Руски научници создадоа вештачки вулкан

Од:

Група научници од Русија први во светот успеаја да направат симулација на процес во вулкан, со помош на единствена машина за електронско варење.

Научниците од Институтот за нуклеарна физика и Институтот за геологија и минерали при сибириското одделение на Руската академија на науките, со таа машина растопиле карпа од вулканот Авачински на Камчатка.

Главниот научен соработник на Институтот за геологија, Виктор Шарапов, откри дека примената на машината ќе помогне да се изработат модели со сеизмички процес на длабочини од 40 до 70 километри, како и проучување на рудите.

Шарапов истакна дека експериментот на топење на ксенолитот, карпа која лавата ја исфрлува на површина, е важен, бидејќи овозможува увид во процесот на топењето на карпите на големи длабочини без влијание на надворешните фактори и начинот на кој микроделовите на ксенолитот се претвораат во руда.

Исто така, по пат на математички и физички модели ќе може да се предвидат и сеизмичките активности.

– Ова е прв ваков експеримент во светот со единствена техника, додаде Шарапов.

Електронската печка за вриење произведува 10 мегавати енергија по квадратен сантиметар и во неа може да се симулира и влез во метеорит во Земјината атмосфера, а бидејќи достигнува температура од 3.300 степени Целзиусови може дури и да топи метали. Дури и волфрамот кој е најцврст во периодичниот систем.

Со помош на неа, тврдат научниците, ќе биде можно да се создаваат материјали со одредени особини и нанопрашина.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска