Најскапата јахта на светот како ја замислил дизајнерот Игор Лобанов, не постои, но за 500 милиони долари може да стане стварност.
Замислената јахта се вика Стар, а нејзин автор е Русинот Игор Лобанов. Нема сомнение дека во прашање исклучително модерен дизајн, но неговата јахта не е само за гледање.
На неа има место за 200 луѓе, а 36 гости може да останат да преспијат. Јахтата има и хелиодром. Стар би бил долг 132 метра, и висок околу 60 метри. Лобанов се занимава со дизајн на јахти веќе 11 години.