Руски боксер уби мечка која го нападна , но заврши со тешки повреди во критична состојба

Од:

Рускиот 23-годишен боксер Илја Медведев е во критична состојба по борба со мечка која го уби неговиот пријател.

Младиот боксер ловел риби на реката Иртиш во Русија кога тој и неговиот колега Вјачеслав „Слава“ Дудник (48) биле нападнати.

Дудник брзо бил убиен од мечката која веднаш потоа го нападнала боксерот. Тој се обидел да ја застрела со пиштол, испукал неколку куршуми, но не успеал да ја погоди и борбата ја продолжил со нож во рака.

„Илја ја уби мечката со нож“, кажа нивниот пријател и колега рибарот Денис Чеботар (41), кој бил на чамецот кога ги слушнал повиците од шумата.

Чеботар вели дека потоа го одвлекол Медведев до чамецот и го однел во болница.

Илја по голема борба успеал да ја убие мечката, но моментално е во болница и во тешка состојба со повреди на главата и телото.

Во 2019 година, Медведев освои златен медал во категоријата до 64 килограми на боксерскиот шампионат на вооружените сили во Русија.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка