Русија: Полицијата сака бригада ирваси

Од:

Полицијата од руската област Урал побара формирање бригада на ирваси за подобро справување со криминалците.

Тие одлучиле да ја направат оваа бригада затоа што моторните санки често им се расипуваат заради екстремниот студ, пишува лондонски Индипендент.

Локалните сили на безбедност кои работат на температури кои често се под 20 степени, имаат брзи моторни санки, но тие возила често се расипуваат заради студот и трошат многу гориво.

– Ирвасите кои немаат такви грижи се во предност, затоа што можат да дојдат до некои непристапни места на тундрата каде моторните санки не можат да дојдат. А често тие возила се крадат, пишува британскиот весник.

Индипендент оценува дека Русите се навикнати на животни, веќе имат обучени делфини кои пронаоѓаат мини во морето, а некои полициски службеници во оддалечените области јаваат магариња во патрола.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична