Русија ќе настапува на Евровизија преку сателит?

Од:

Европската унија на јавни емитери (ЕБУ) и понуди на руската пејачка Јулија Самојлова, откако украинските власти и забранија влез во Украина, да настапи на Евросонг преку сателит.

„ЕБУ вложи напори да пронајде решение за настанатата ситуација и донесе одлука да понуди на Првиот канал на Русија директно вклучување по пат на сателите во втората полуфинална вечер за Јулија да може да настапи на овогодинешното натпреварување“, се наведува во соопштението.

ЕБУ дополнува дека доколку руската натпреварувачка се квалификува за финалето, истото решение би било применето и во тој случај.

„Ова е нешто што досега сме немале во шестдецениската историја на Евросонг, но одлуката е донесена согласно со долгот на Евровизија и вредностите на инклузивност, а има за цел да обезбеди сите 43 уметници да добијат можност да настапуваат“, истакнува ЕБУ.

Украинските власти и забранија влез во земјата, во период од три години, на Јулија Самојлова.

Документот за забраната бил подготвен од Службата за безбедност на Украина.

Оваа одлука била донесена поради учеството на Самојлова на концерт во Крим во 2015 година.

Според Службата за безбедност на Украина, пејачката го прекршила декретот на Министерскиот совет на Украина, според кој странците треба да добијат посебна дозвола за посета на полуостровот Крим. Овој декрет е донесен откако полуостровот беше анексиран од Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ