Русија ја блокираше употребата на „Telegram“

Од:

Руски суд нареди блокирање на пристапот до услугата за комуникација „Telegram“, која е исклучително популарна во земјата.

Веста беше соопштена од државната агенција „ТАСС“, која прецизира дека властите веќе почнале да ја исполнуваат пресудата на судиите.

Одлуката доаѓа откако рускиот телекомуникациски регулатор поднесе тужба против компанијата, сопственик на „Telegram“, во кое се бара прекин на услугата на територијата на Русија.

Причината е тоа што „Telegram“ одбива да обезбеди пристап на безбедносните служби до пораките на потрошувачите.

Според ФСБ, пристапот до пораките е потребен, за да можат да се спречат терористички акти на територијата на земјата, а „Telegram“ добија рок до 4 април да ги обезбедат потребните клучеви за дешифрирање на комуникациите.

Според портпаролот на компанијата, ова барање не може да се исполни, бидејќи никој во „Telegram“ нема пристап до личните клучеви за криптирање на корисниците.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска