Романка на 42 години го роди своето 20-то дете

Од:

Џорџиана Вакару, 42-годишната Романка, на почетокот од годината по 20. пат стана мајка.

– Сите 20 деца се здрави и тоа многу ме радува. Одлично е да се биде мајка на 20 деца, тие ми помагаат, ние сме многу сплотено семејство, истакна Вакару.

Таа додаде дека само едно дете го напуштило семејниот дом, откако се оженил, додека другите 19 деца живеат со неа и сопругот во селото Котенеш.

Вакару истакна дека прима детска помош, а нејзиниот сопруг во текот на пролетта и есента по месец-два работи во странство.

Во последните 20 години Вакару била бремена речиси секоја година.

– Ако господ сака да имам уште деца, нема да се противам,изјави Вакару.

Во Романија има уште едно семејство, кое има 18 деца.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ