Реал Мадрид и „РОК Спорт“ брендот на португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, направиле соработка со „Монстер“ брендот со цел да понудат на пазарот нешто спектакуларно.
Станува збор за „ROC BackFloat Floating“ блутут звучник кој е дизајниран да се вклопи во сите временски прилики.
Силиконското куќиште на овој звучник е наменето за луѓето кои се активни и се секогаш во движење.
Ако сакате да возите велосипед или нешто слично и истовремено да ја слушата вашата омилена песна, тогаш тоа ви е овозможено со ова ремек дело, кое е отпорно на падови, удари и вода.
Самото куќиште е украсено со интегриран златен натпис „РОК“ на централното копче.
Надворешниот круг на копчето ги носи на себе зборовите „ LiveLifeLoud“, додека неговите контролни тестери се наоѓаат отстрана.
Иако е безжиче, овој звучник има стандарден 3,5 милиметарски Аукс излез, со што нуди опција да го поврзете со било кој друг уред.
Има вграден Блутот за повици, како и микрофон кој ја елиминира вревата, а тука е и УСБ кабелот за полнење на неговата Ли-лон батерија, која може да биде активна и до седум часа.
Цената на овој звучник е околу 200 евра.