Научници од Германија, Велика Британија, Италија и САД ги почнаа тестовите на роботите во проектот РОБЕКС, чија цел е да ги проучи врвот и длабочините на вулканот Етна, но и усовршување на роботика воопшто.
Всушност, ова претставува само тест за роботите. Нив, според порталот „24 часа“, натаму ги очекува мисија на Месечината, каде што исто така има екстремни услови за престој и истражувања.
– Обидите имаат за цел да симулираат хипотетичка мисија за стапнување на Месечината или на Марс, и научниците ги користат роботите, што ќе треба да транспортираат или да монтираат најразлични уреди, изјави германскиот вулканолог Борис Бенке.