Роботи во повеќе банки низ светот веќе ги проверуваат и оценуваат клиентите за тоа дали ги исполнуваат условите за добивање кредит или не.
Некои пак од роботите дават и инвестициски совети.
Според многумина, тоа и не е нешто „запрепастувачко“, оти се работи за компјутерски системи креирани токму за таа цел – да проценат колкава е кредитоспособноста и колку може да му се верува на клиентот што бара кредит.
Можноста од исчезнување на работните места на банкарските службеници, што ја вршат оваа работа е 98,4 отсто, покажуваат повеќе истражувања од повеќе делови на светот.