Електронски т.н. А-лотоси, А-школки и А-риби се пуштени во и околу каналите во Венеција, како дел од проектот за проверка на квалитетот на водата.
Се работи за специјални роботи кои се дел од четиригодишниот план „Субкултрон“, во вредност од скоро пет милиони долари, а чијашто цел ќе биде да ги проверува водите кои ја опкружуваааат Венеција.
– А-школките, коишто „лазат“ на морското дно, ги собираат податоците. Потоа ги испраќаат до А-рибите, кои пак ги проследуваат до А-лотосите. Затоа, може сите нив да ги наречеме комуникациски мост до нас, истражувачите. А-рибите исто така можат самите да прибираат податоци, додека пак, А-лотосите ги полнат другите уреди под водата кога ќе се потрошат батериите, нагласува Франческо Барбариол од венецијанскиот Институт за проучување на морето.
Проектот а финансира Европскиот институт за проучување на морињата, а идејата е роботите да ја заменат рачната работа на научниците, со што се би одело побрзо и поефикасно.
– Нема индустриски отпад, и сега градот има модерна канализација. Не е како претходно, кога сите цевки се истураа директно во водата, истакнува Фабрицио Бернарди Обри од италијанскиот Институт.