Најновиот уред на „Evolutive Labs“ што нуди заштита за екраните на смартфоните и таблет уредите „Rhino Shield“, почна кампања на „Кикстер“.
Заштитата на мобилните уреди претставува голем предизвик. Постојат голем број уреди за нивна заштита, но многу малку за најосетливиот дел од нив, екранот. „Rhino Shield“ е уред за заштита на екранот, истовремено нудејќи голем капацитет на апсорбирање на удари и одлична транспарентност на материјалот.
Специјално дизјанираниот заштитен слој со дебелина од само 0.029 сантиметри нуди апсорпција на голем број различни видови надворешни удари, со кои може да се сретнеме во секојдневниот живот.
Заштитниот слој обезбедува супериорна заштита од гребаници на екранот, како и од досадни отпечатоци од прсти, што го прави многу едноставен за чистење.