Национална географија – Вашингтон
Примената на холографијата може да го промени светот, да спаси животи и да стимулира креативни и интелектуални дебати
1. Картографија на војската
Географската интелигенција е клучен дел од воените стратегии, а холографските слики во цела димензија се користени да го подобрат препознавањето.
Така една американска компанија доставила над 13.000 3Д холографски мапи од воени простори за американската војска. Ова на војниците овозможува да видат тродимензионален терен, да гледаат зад ќошиња и да помогнат во мисиите и тренинзите.
2. Складирање на информации
Произведуваме огромна количина на информации, а дигиталниот простор за складирање на информации се зголемува од година во година, а ние имаме опсесивна желба да ги складираме нашите информации и да ги чуваме вечно.
Холографската слика е многу реална затоа што процесот на снимање ги чува сите информации врз основ на одбивање на светлината од снимениот предмет, а тоа е огромна количина на информации.
Но, холограмите не бележат информации за визуелен објект, тие исто така снимаат чисти информации, страни и страни што значи дека холограмите потенцијално можат да зачуваат огромни количини на информации.
3. Во медицински цели
Холографијата може да направи револуција во полето на медицината, како алатка за визуелизирање на информации за пациентите на обука на хирурзите и студентите.
Многу медицински системи генерираат комплексни информации користејќи го развојот на сликовната технологија, како скенирањето со ултразвук или магнетната резонанца. Вообичаено, електронските информации се користат за да прикажат рамна слика на компјутерски екран, но исто така можат да се употребат да произведуваат 3D холографски слики во полна боја што би го олеснило учењето и проучувањето.
4. Уметност
Уметниците станаа тесно поврзани со холографијата, па така во светот постојат уметници пионери кои ги користат тродимензионалните опции од холограмите за да го свиткаат или исечат просторот, да направат повеќекратни цврсти објекти, да комбинираат колекција на слики или снимки за да направат анимирани 3D снимки.