Ревија на италијански филм на „Синедејс“

Од:

Првпат годинава на 11-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, во соработка со италијанската агенција за организација на настани и менаџмент „ИнАкто“, ќе се одржи Ревија на италијански филм. Проекциите ќе се прикажуваат во периодот од 17 до 21 ноември во Кинотека на Македонија.

На Ревијата на италијански филм ќе бидат прикажани осум филма, а ќе гостуваат познатите италијански режисери Даниеле Гаљаноне, Џанлука и Масимилиано Де Серио, продуцентот и раководителот на продуцентската куќа „Индика“ – Микеле Форнасеро, директорката на секторот за маркетинг на „Торинската филмска комисија“ – Анџелика Кантисани, уредникот и потпретседател на филмскиот порталCinemaitaliano.info – Карло Гризери и сопственикот на телевизиската куќа „Текла ТВ“ Џанлука Ору, која е главен медиумски покровител на настанот.

Италијанската програма ќе биде отворена на 17 ноември од 18 часот со филмовите „Пјетро“ и „Р’ѓа“ на Даниеле Гаљаноне. Ќе бидат прикажани и проекциите на филмовите: „Седумте милосрдни дела“ на Џанлука и Масимилиано Де Серио, „Ехо“ на Андреа Ла Мендоло, „Деловен човек“ на Џулиано Монталдо, „Скапоцен камен“ на Андреа Молајоли и „Работници – спремни на се“ на Лоренцо Евигноло.

На 17 и 18 ноември во просториите на Кинотека на Македонија, со почеток од 12 часот ќе се одржат и две работилници со гостите на италијанската програма на тема: „Ретроспектива на развојот на филмската индустрија во Италија и Западна Европа“ и „Влез на филмскиот пазар како нови надежни режисери/продуцентски куќи во 21 век“.

Билетите за италијанската програма ќе може да се купат во Кинотека на Македонија, по цена од 100 денари.

Би можело да ве интересира

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена