Ретроспектива на филмови од Милчо Манчевски во Виетнам

Од:

Кинотеката во Ханој организира ретроспектива на филмското творештво на режисерот и сценарист Милчо Манчевски.  Во главниот град на Виетнам неговиот опус се прикажува од 9-ти до 11 декември, соопшти С-прес, напомнувајќи дека првпат во таа азиска земја се прикажуваат македонски филмови.

На покана од Кинотеката, Манчевски ќе има средби и разговор со виетнамските љубители на седмата уметност. Како гостин на Државната филмска академија на Виетнам, Манчевски ќе одржи предавање и проекција за студентите на Академијата.

– Филмовите на Манчевски и се познати на азиската публика, тие се прикажувале на низа фестивали (Токио, Тајпеј, Хонг Конг, Шангај, Гоа, Керала…), но и во редовна, па дури и во пиратска дистрибуција низ повеќе земји од Азија. Се користат и во наставата на повеќе азиски универзитети, а неодамна се појави рецензија на неговиот последен филм „Мајки“ во иранскиот печат, иако филмот допрва треба да биде дистрибуиран во Иран, информира С-прес.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ