Јапонскиот производител на камери Шинон претстави Белами ХД-1, видео камера која поседува референци и стилски моменти од својот „роднина“ 8мм камера изработена во 1970 година.
ХД-1 има ретро тело, класичен дизајн во кој е интегрирано големо сочиво, преносен прекинувач рачка и Д-носач со променливи различни современи и класични 8мм сочива.
Поседува сензор од 2,1 мегапиксли и способност за снимање во 30,15, 10 фрејмови во секунда, со брзина на снимање до 1/1000 секунди. Засега е достапна само во Јапонија.