Архитектот Мигуел Анел Арагонес го креираше првото уметничко дело на базенот во хотелот „Мар Адентро“ во Мексико, создавајќи илузија на огромно птичјо гнездо кое плови по површината на водата.
Ова „гнездо“ всушност претставува воодушевувачки ресторан сместен под нивото на водата и покриен со плетен дрвен кров.
Минималистичкиот дизајн и светлата палета на бои ја истакнуваат убавината на кровот и прават внатрешноста да изгледа удобно и пријатно.