Дизјанерското биро „Естудио Арн Аркитектос“ ја реставрираше зградата „Вирген Дел Кармен“ во шпанскиот град Санта Поли, која е изградена во 1860 година.
При реставрацијата е утврдено дека во изминатите децении кон основната структура на зградата се придодавани разни доградби и се вршени повеќе модификации, со што целосно бил променет изгледот на оригиналната градба.
Надворешните ѕидови биле премачкани со повеќе слоеви на малтер и фасади во разни бои, додека во внатрешноста ѕидовите биле дополнителни обложувани со плочки. Два слоја на плочки биле користени и за прекривање на оригиналниот дрвен таван.
При последната реставрација, отстранети се сите дополнително премачкани слоеви на малтер и плочки, со што е дојдено до голите оригинални ѕидови од тули.
Оригиналната дрвена конструкција на таванот е премачкана со водоотпорни средства, а со отсранувањето на двата реда тавански плочки добиен е простор за изградба на дополнителен кат под дрвените греди. Новиот кат е одвоен од оригиналната структура, со цел да се запазат карактеристките на изворната архитектура коористена при изградбата на куќата.