Рестартирање на иновациите во Јапонија

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Чувано со тешка метална врата, овој простор личи на тајна база во срцето на Токио. Во обична деловна зграда во областа Акихабара се наоѓа хај-тек фабрика која е направена за секого со иновативни идеи.

Оваа работилница е место со опрема вредна една милијарда јени (8,5 милиони долари). Кога и да посакате да ги претворите вашите идеи во производ, тука има се, вклучувајќи и најмодерен 3-Д принтер.

DDM.make Акиба зазема три спрата од зградата со вкупно две илјади м/2 простор. Оворено е 24/7 за членови кои месечно плаќаат членарина од 30.000 јени.

– Не знам како работи која било  машина и засега губиме пари, се смее Кеиши Камејама, претседател на интернет компанијата DMM.com која стои зад оваа инвестиција.

– Но сакав да го обезбдиме овој простор за млади инженери за да можат тие да се фокусираат на создавање производи кои тие ги сакаат, додава тој.

За оние кои не се запознати, овој простор е обична зграда (која може да биде или библиотека или општински центар, на пример) која обезбедува технологии и опрема за производство и/или можности за едукација за јавноста.

Недостиг на идеи?

Јапонија е земја позната по своите пронајдоци.

Мојот омилен отсекогаш бил Тото електричната WC школка со казанче за вода, и се изненадив кога ја видов во привременото засолниште во Кесенума во Мијаги, кратко откако регионот беше погоден од силен земјотрес и цунами во 2011 година.

Но кога веќе почнав да истражувам за она што некогаш беаз познати умови за иновации во Јапонија, се измачив.

Вокменот на Сони, кој направи револуција во начинот како луѓето слушаат музика, беше претставен во 1979 година. Возот во облик на куршум влезе во употреба во 1964, отприлика во исто време кога Тото првпат ја претстави својата хај-тек тоалетна школка.

Но од тогаш, до производите „кои ја менуваат играта“ беше тешко да се дојде. Дали е иновативноста во Јапонија мртва?

– Измислуваме големи произоди, но не сме добри да ги рекламираме во странство, вели Камејама.

Таргетирање на муштерии

Израснав во Токио користејќи НТТ ДоКоМо мобилни телефони. кои ми даваа можност да праќам е-пораки многу години пред умните телефони на Блекбери или пред да биде претставен ајфонот на Епл.

Но сепак кога се преселив во Сингапур да работам во Би-Би-Си, ми требаа две години да откријам дека сосема истата услуга која ја користев дома – наречена ајмод – беше исто достапна и во Сингапур.

Се сеќавам дека си помислив: „Ако не можеш да изрекламираш производ на некој кој знае за него, како очекуваш да им се додвориш на корисници кои не се запознати?

Тој проблем денес се уште постои.

Кога дојдов во компанија која и нуди иновативни идеи на Сони (па така инженерите од електронскиот џин ги претворат во вистински производи) моето барање за средба беше одбиено, затоа што биле презафатени.

Од комапијата ми рекоа дека од нивна гледна точка, „нема смисла да бидат претставени на Би-Би-Си“ затоа што нивната целна група потрошувачи се во Јапонија, а не во странство.

„Сериски иновации“

Но да ги оставиме маркетинг стратегите настрана: дали Јапонија се уште може да се носи со следниот вокмен, или со некоја нова голема новост која ќе ги обземе потрошувачите низ целиот свет, онака како што Епл и Самсунг го прават тоа со нивниот арсенал мобилни телефони, таблети па дури и фаблети?

– Секоја организација е способна да произведе нешто иновативно, вели Такума Иваса, основач на почетничката фирма за конзументска електроника Церево, која е еден од главните станари во работилницата во Акихабара.

– Но работата е дали менаџментот на компанијата ќе ви дозволи да ја направите и да ја пуштите во јавноста.

– Сони излезе со вокменот кога компаниајата беше многу помала. Истото беше случај со Тото и со нивниот хај-тек тоалетна школка. Не знам дали е тоа случај само во Јапонија, но колку поголема станува компанијата, толку потешко и станува да преземе ризици, вели Иваса кој претходно работел за Панасоник.

– Големите компании, јапонски или не, се добри во она што јас го нарекувам сериски иновации – правење подобра верзија на веќе посточеки производ – затоа што тоа ќе се продаде. Но не се добри во создавањето на нешто ново кое дотогаш го немало на пазарот.

Поддршка од владата?

Работилницата во Акихабара, вели тој, е полна со почетнички компании кои се сега во фазата на Сони кога го измислија вокменот, и постојат инвеститори кои се спремни да ги финансираат нивните соништа.

А дали владата може да помогне? Третиот чекор од „абеномикс“, економската политика на премиерот Шинзо Абе, е да поттикне повеќе иновации.

– Можеби е ова премногу јапонско, но кога ја основав Церево, немаше многу поддршка за почетнички компании, вели Иваса. „Но самиот факт што сакаа да го промовираат претприемништвото, беше од голема помош“.

Но Камејама од DMM.com смета дека владата само инвестира во стариот систем.

– Јас самиот не сум креатор, па затоа го разбирам тоа, но владата не знае како да ги поттикне иновациите, вели тој. „Затоа зборуваат со големи елекtронски компании и им даваат пари.

– Но јас сакам владатa да им помага на млади иноватори кои се собираат тука, затоа што се тие иднината на јапонските иновации.

Најпознатите јапонски пронајдоци

Воз во облик на куршум (1964)

Инстант фиде за супа (1958)

Караоке машина (1971)

Вокмен (1979)

Конзола за Плејстејшн (1994)

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска