Пред четири децении „Рено“ првпат зачекори во водите на „Формула 1“ со својот тркачки модел „РС01“.
Тоа што овој модел го направи посебен е фактот дека тоа беше првиот автомобил што користеше мотор со турбо полнење.
За да ја прослават 40-годишнината, францускиот автомобилски бренд креираше специјално дизајниран жолт чајник.
Постои многу добра причина и интересна приказна зад овој необичен предмет.
Во 1977 година, кога „РС01“ го имаше своето деби, моторот со турбо полнење не работел како што треба, па автомобилот мораше често да ја напушта трката поради дефектот на моторот и чадот што излегуваше од него.
Тогаш шефот на тој тим, Кен Тајлер, за прв пат го нарече „Жолт чајник“ (Yellow Teapot).
Чајникот има иста боја како и оргиналниот автомобил.
Доколку погледнете внимателно, ќе забележите дека дизајнот на чајникот има бројни елементи од дизајнот на „Формула 1“ тркачкиот автомобил.
Од „Рено“ наведоа дека чајникот дефинитивно ќе се користи во нивниот ресторан „Аталиер Рено“ (Atelier Renault), а 40 примероци ќе бидат достапни за продажба по цена од 129 евра.