Рекорд за Гинис: Најстариот брачен пар заедно има 211 години

Од:

Тие се заедно повеќе од два века – Џон Хендерсон наполни 106 години, а неговата сопруга Шарлот 105 години. Според Гинисовата книга на рекорди, оваа брачна двојка од Тексас е најстарата жива двојка во светот, пишува „Јутарњи лист“.

Џон и Шерон се венчале во 1939 година, а тие се запознале во 1934 година додека биле студенти на Универзитетот во Тексас.

Шарлот студирала да стане учителка, а Џон бил дел од фудбалскиот тим.

Си-Ен-Ен соопшти дека времињата биле толку тешки што потрошиле само седум долари на хотелската соба што ја изнајмиле за меден месец.

Треба да се запомни дека Џон е исто така најстариот жив поранешен фудбалер на Универзитетот во Тексас.

Оваа двојка е жив доказ дека љубовта може да го преживее тестот на времето. Тие велат дека љубовта меѓу нив само се зголемила со текот на годините.

Пред десет години, тие се преселиле во селото Лонгхорн во локална заедница за пензионирање поврзан со универзитетот на кој студирале.

Тие се среќни како и секогаш.

Џон сè уште вежба секојдневно, а на прашањето на новинарот на Си-Ен-Ен која е тајната на долг живот и среќен брак, тој одговори: „Живејте во умереност и бидете љубезни со вашата сопруга“.

Би можело да ве интересира

Почина веројатно последната личност родена во 19. век

Ана Ололовска

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џои Честнат од САД изеде рекордни 76 виршли одеднаш

Ана Ололовска

Швајцарски кројач соши панталони од 70 метри

Ана Ололовска

Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Пуцвал“ за Гинис – Симон Вилијамс е горда сопственичка на најголемата афро-фризура во светот

Жарко Настоски