Регионален конкурс за млади дизајнери „Young Balkan Designers 2016″

Од:

Балканската дизајн мрежа распиша регионален конкурс Young Balkan Designers  за 2016 година под слоганот Ново аналогно. Рокот за пријавување е 10 април.

Повикот е отворен за сите членови на Балкан дизајн мрежата до 35 години возраст од Албанија, Австрија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Романија, Словенија, Србија и Турција.

Зачленувањето во мрежата е бесплатно.

Повикот е за креирање дизајн проекти – производи, концепти, сценарија, услуги, кои ја враќаат рачната изработка во процесот на производство и дизајн, директно поврзувајќи ги за материјали, занаети и техники што ги нуди балканската култура.

Конкурсот има за цел да истражи начини на кои Балканот може да активира и афирмира вредности од сопствени културни добра и придонесе во глобалната расправа за дехуманизација на процесот на производство.

Од дизајнерите се бара размислување за хуманизација на процесот на производство како и за начините за имплементација на локални вештини и занаети во современ дизајн со фокус на директно и непосредно вклучување на локалната заедница во процесот на решавање на проблемите и производство наспроти нивното фиктивно вклучување по пат на социјални мрежи.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска