Разводот кај повеќето луѓе предизвикува бес – научете да го контролирате

Од:

Иако секој развод е единствен, поголемиот број од разведените лица чуствуваат бес. Тоа не е ништо лошо и е нормално. Проблем е доколку не го надминете тој бес, кој од вас ќе ја извлече целата животна енергија.

Првиот чекор да е стане свесен за лутината во себе и да се донесе одлука за преземање мерки, а вториот чекор е почнување на контролирање на бесот. Следат неколку техники кои ги предлага порталот YourTango:

Смеење – Тоа е голем лек за лутината. Ќе ви помогне да закрепнете, особено ако се смеете сами на себе. Немојте  да се доживувате многу сериозно. Обидете се во се да ја видите смешната страна. Во човечката природа е да се види светлина во трагедија, но понекогаш за тоа мора да си дадете дозвола и да ги отпуштите сопирачките.

Хуманизирање – Вашата некогашана љубов е вистинска личност,  не е чудовиште или семоќно битие. Можеби сторилa некои неубави работи и имала моќ над вас, но сето тоа е зад вас. Особено ако имате деца, независно од возраста, поздраво е да разговарате со поранешниот партнер, без омаловажување. А тоа ќе ви биде многу полесnо доколку за него почнете да мислите добродушно, како за обично човечко битие.

Емпатија – Таа помага во процесот на хуманизирање. Можеби ви се гледа несоодветна идејата дека кон поранешниот партнер треба да развиете чувство на емпатија, но тоа е начин да се намали лутината. Ставете се во негова/нејзина кожа и најверојатно полесно ќе почуствувате што мислел/а и зошто се однесувал/а кукавички, детинесто или на некој трет начин кој вас ве повредил. И потоа тоа ќе можете да го разберете.

Слушање – Обрнете внимание и обидете се да разберете што сака да ви каже поранешниот сопруг/сопруга. Вие најверојатно секогаш го претпоставувате најлошото. Можеби сте или не сте во право, но не е важно. Вистинска комуникација подразбира љубопитност, интерес и фокус, големи вештини, кои добро ќе ви дојдат во новата врска. Не мора да се согласите, само мора да слушате.

Блокирање на лошите одлуки – Еден од начините да внимавате како реагирате  е да внимавате на електронската комуникација. Пред да одлучите пораката да ја испратите ставете ја на чекање или напишете ја без намера вистински да ја испратите. Ништо не испраќајте кога сте лути, под стрес или под влијание на опијати. И без шпијонирање на Фејсбук. Кога комуницирате во реално време не започнувајте теми за кои знаете дека ќе завршат со конфликт.

Љубезност – Како што вели поговорката – убиј те го со љубезност. Тоа секако не треба да го разберете буквално. Запомнете, не морате секогаш на глас да го кажете тоа што го мислите. Често тоа е подобро да се задржи за себе. Медитацијата во која ќе изразувате мисли со многу љубов за себе и за другите е убава работа да станете нежна и љубезна личност. Насочете ја таа љубезност кога се фокусирате на некого кој навистина не го сакате.

Задржувањето на бесот е како фаќање врел јаглен со намера да го фрлите кон некој друг – но вие ќе се изгорите. Имајте го тоа на ум и останете смирени.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска