Винченцо де Котис е еден од најпознатите италијански архитекти на денешнината… Неговата оригиналност и необичност е во тоа што користи рециклирани, реконструирани или преработени елементи во сите свои дела.
Неговите методи се сирови и природни, но и модерни и бруталистички во истовреме. Вистински пример за тоа е оваа приватна луксузна викендичка во Форте деј Марми во северот на италијанската област Тоскана. Претходно, тоа било куќичка за чамци.
Ова место всушност порано било рибарско пристаниште, а сега е одморалиште за познати и богати припадници на општествената елита, кои доаѓаат на одмор овде децении наназад.