На неговата листа се наоѓаат актерките Блејк Лајвли, Рејчел Мекадамс и неговата девојка, кубанската убавица Ева Мендес.
Според неговите зборови, за успехот кај жените не е клучен неговиот изглед туку една единствена работа – знае да слуша.
„Растев во семејство со силни жени, па можеби затоа имам потенцијал да ги разберам“, ја откри Рајан, тајната на неговиот успех кај поубавиот пол.
Иако од реномирани списанија е прогласуван за најсекси маж, тој себе си не се смета за посебно привлечен.
„Не мислам за себе дека особено добро изгледам. Не сум типичен холивудски актер. Не сакам мејнстрим улоги, а највеќе од се го мразам чувството дека нешто работам поради пари“, изјави Гослинг.