Радиостаници во Австралија и Нов Зеланд ги бојкотираат песните на Мајкл Џексон

Од:

Радиостаници во Австралија и Нов Зеланд одлучија да не пуштаат песни на Мајкл Џексон поради новите обвиненија за сексуална злоупотреба на деца на неговиот имот „Недојдија“.

Во неделата, Ејч-би-оу премиерно го прикажа документарниот филм „Напуштајќи ја Недојдија“, кој повторно го покрена прашањето за односот на Џексон со децата.

Нова ентертејнмент во Сиднеј е последната од радиостаниците што објавија дека нема повеќе да пуштаат песни на „кралот на поп музиката”, како одговор на реакциите на јавното мнение и поради документарецот во кој двајца мажи го обвинуваат Џексон дека ги силувал кога биле деца на седум и 10-годишна возраст.

– Со оглед на новите случувања, и Смут ФМ отсега нема да емитува песни на Мајкл Џексон, соопшти претходно директорот на друго локално радио, Пол Џексон.

Во Нов Зеланд тој тренд го следат и Медија Ворк и НЗМЕ – и двете компании доминираат на пазарот на приватни радија.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд