Рачно изработени „Нимфа“ лампи

Од:

Со овие лампи ќе и дадете на дневната или на спалната соба чувство на индивидуалност и егзотичен шарм. Овие неверојатни „Нимфа“ лампи ја оживуваат светлината на единствен начин.

Изработени со генијално чувство на разиграност од страна на Ваиниус Кубилиус, овие преубави и исклучителни лампи целосно ќе ја изменат вашата перцепција за тоа што може да направи осветлувањето во современиот простор.

117151902

– Сакав да научам да креирам осветлување кое на луѓето ќе им обезбеди не само светлина, туку и ќе им ги разбуди чувствата. Сакам моите лампи да се некој вид афродизијак кој ќе создаде повеќе страст во животите на луѓето. А страста е потребна, вели младиот литвански дизајнер Ваиниус Кубилиус.

Дури и кога се исклучени, ќе го трансформирате вашиот дом во волшебно и динамично место. Традиционални лампи и уметнички слики на ѕидовите може да изгледаат убаво, но овие сјајни светилки го имаат шармот на двата елемента при креирањето на сонувачки и романтичен амбиент.

117151356

Ваиниус Кубилиус секоја лампа ја изработил рачно, од кокос, која е ишарана со илјадници ситни дупчиња. Со големината на дупчињата се создаваат многу стилови и облици на овие разновидни уметнички лампи.

Прилагодливи и харизматични, „Нимфа“ лампите ви овозможуваат да си играте со интересни сенки.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска