Сте одлучиле да го кажете судбоносното „да“. Меѓутоа има некои работи, кои пред тој важен ден секако треба да ги знаете.
Откако тие работи ќе ги расчистите со самите себе и со својот партнер, тогаш сте подготвени за тој голем чекор.
Го сакате него или ја сакате идејата за венчавка
Морате да бидете сигурни дека не стапувате во брак, бидејќи тоа е логичен след на вашата врска или затоа што сите ваши другарки веќе се омажиле. Запрашајте се дали можете на негово место да замислите друг човек.
Го сакате ли таков каков што е. Нема да се смени по венчавката
Тоа што ве иритира кај вашето момче нема да се промени. Тој е ноќна птица, а вие најдобро функционирате наутро. Обожава научна фантастика, а вие сте човек на комедијата. Прифатете ги разликите, бидејќи со потписот нема ништо да се промени.
Дали двајцата сакате деца
Некои парови сакаат да имаат четири деца, а некои едвај можат да се замислат со две или се задоволни со едно, па дури и со ниту едно дете. Седнете и искрено поразговарајте што мислите за децата и колку деца сакате да имате. Немојте да се доведувате во стресна ситуација, бидејќи ако не се договорите околу ова важно прашање, на еден од вас ќе му биде многу тешко да попушти.
Има ли нешто против да го задржите своето презиме
Не се подготвени сите жени да го земат презимето на сопругот, да ја отфрлат својата лична историја, семејното наследство и професионалниот идентитет. Пред вас има многу опции, да го додадете неговото, да го оставите само своето, да создадете ново презиме. Сите опции се во ред, но морате да се договорите, која ви одговара на двајцата.
Зошто му се распаднале претходните врски
Зборува ли вашиот сакан за поранешните партнерки и како и зошто завршиле тие врски? Посветете внимание на причините поради кои неговите врски завршувале. Преоптовареност со работата, бегство од обврските или пак неверство. Доколку се уште одржува пријателски односи со поранешната, немојте веднаш да полудите. Тоа може да биде знак дека ги почитува жените, кои ги имал во својот живот и оти нема што да крие.
Како да го заштитите својот имот
Кога ќе се одлучите за брак, морате да се договорите и како ќе ги водите финансиите. Некои финансиски експерти ја препорачуваат формулацијара „мое, твое, заедничко“. Отворете заедничка сметка од која ќе ги плаќате режиските трошоци или ќе штедите за годишен одмор. Но секако заштитете го имотот, кој сте го донеле во бракот. Својата заштеда, семејното наследство. Доколку еден ден дојде до развод, нема да ризикувате тој имот да биде предмет на поделба.
Прифатете го фактот дека е во ред да се скарате. Тоа е дури и пожелно
Кај паровите, кои наводно ниогаш не се караат, време е за аларм. Некое незадоволство веројатно тлее, бидејќи не се вербализира и не се решава. Кавгите се знак на здрава врска, но мораат да бидат конструктивни. Не се поставувајте офанзивно и не критикувајте. Наместо тоа реченицата почнете ја со „јас мислам“ или „чувствувам дека“. Со тоа давате до знаење како однесувањето на партнерот влијае врз вас и оти сте подготвени за компромис, пишува Т портал.
Каде саката да бидете за пет, десет, 15 години
Секако дека не треба да го испланирате цел живот, но некои желби и надежи сигурно постојат. Без разлика дали е тоа желбата еден ден да формирате фирма, да трчате маратон или да основате големо семејство. Да имате своевидна мапа со поставени цели е добра идеја. Меѓутоа исто така треба да имате на ум дека се може да се промени и дека ќе морате да бидете флексибилни. Со годините и искуството се менуваат потребите, интересите и желбите. Да го промените мислењето не значи дека сте слаби, туку дека сте подготвени за нови искуства.
МИА