Неколку илјади на „Охрид колинг“: Сара Јо и Сенида направија журка, „Диџеи од Марс“ и Регард спектакл

Од:

Светските диџеи и пејачките од Словенија и Србија до рано наутро ги журкаа посетителите на „Охрид колинг“, кои и втората вечер ја поминаа на фестивалот. Откако сите се загреаја со ДЈ Деловски, на сцената атмосферата ја подигна Сара Јо. Се појави и Сенида кој има мегапопуларни песни, а се пееја во еден глас. Најдоброто од вечерта дојде со настапите на продуцентскиот тим и диџеј дуо „Диџеи од Марс“, а по нив и од Регард кои беа хедлајнери на вечерта. Во публиката, гласно се пееше, пиеше, играше и имаше атмосфера како пред да започне пандемијата од коронавирусот.

„Сега или никогаш“ рече Сара Јо повкувајќи ги присутните во публиката да ги бакнат своите симпатии.

Сенида настапот го започна „нервозна“, потенцирајќи дека ниту една тонска проба која ја имала како пејачка, не поминала во најдобар ред и секогаш имало проблеми. Па така и вчера, побара да и се средат мониторинг слушалките за да почне да пее. До тогаш, пееше публиката. Пред неа, се вееја македонското и српското знаме.

„Прекрасни сте!“, им рече таа поздравувајќи ги присутните.

Веќе на полноќ, сцената ја „окупираше“ дуото „Диџеи од Марс“ кои се качија на пултот за стапи и играа со публиката. Нивните миксови составени од моментално најголемите хитови не оставија ниту еден присутен во публиката рамнодушен.

„Ве сакаме“, рекоа тие пуштајќи ги спектакуларните диџеј сетови.

Еден час подоцна, свој сет имаше и „Регард“ кој ја затвори втората вечер на „Охрид колинг“. Сетот почна со „Love tonight“, па продолжи со мегапопуларни хитови, измиксани и презентирани во негов стил. Немаше присутен меѓу неговите фанови кои беа во публиката, а кој не играше и пееше се до крајот на стапот.

„Каква вечер, Македонијо“, рече тој задоволен и изненаден од атмосферата.

Фестивалот „Охрид колинг“ организиран од „Аволон продукција“ по една година пауза, трае три вечери. И за третата вечер се најавуваа големи музички имиња.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице