Првиот збор на денешните деца е „таблет“ наместо „мама“

Од:

Технологијата стана толку многу интегрирана во семејниот живот, што почна да влијае и врз начинот на кој децата зборуваат.

Според најновото истражување спроведено минатиот месец, во кое учествувале над 3.614 возрасни лица, околу 10 отсто од родителите тврдат дека првиот збор кој нивното дете го изговорило бил „таблет“, заменувајќи ги со тоа зборовите „мама“ или „дада“.

Колку е небезбедно малите деца да ги користат овие апарати, покажува и фактот дека 81 отсто од родителите одговориле дека нивното дете скршило некој од електронските апарати фрлајќи го.

Истражувањето покажало и дека четворица од десет родители им дозволуваат на своите деца да користат таблет компјутер еден час дневно, додека седум проценти од нив им дозволуваат дури и по три до четири часа дневно.

Друго истражување, кое опфатило 2.000 родители, покажало дека сите учесници заедно трошат над 2,25 милијарди фунти годишно за апарати наменети за децата. „Најразмазени“ се тинејџерите и децата на возраст под пет години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска