Селфи манијата доби ново розово оружје. Ејсер, во соработка со дизајнерот Кристијан Кован Санлуис на лондонската недела на модата ја претстави „селфи-шапката“ која изгледа како огромен сомбреро.
Розовата шапка доаѓа со таблет (во овој случај Iconia A1-840) кој може да се спушти веднаш кога ќе видите совршена можност за автопортрет. За да снимите подобра фотографија треба само да се заротира шапката во една страна.
Прерано радување не треба, затоа што оваа шапка неможе лесно да се набави.
Шапката не е во слободна продажба, а оние кои сакаат да ја имаат во нивната колекција ќе мораат да се обратат директно до дизајнерот.