Прва самостојна изложба на дизајнерката Моника Блажевска

Од:

„Љубовта е уникат… уникат е и БМ“ е насловена првата самостојна изложба на младата уметница Моника Блажевска која ќе биде отворена вечер од 20 часот во ВИП база-мезе бар.

Ќе бидат изложени 15 уметнички слики и модна ревија со нејзини цртежи на облека, кои ќе ги претстават млади модели и заштитните лица на нејзината најнова колекција „БМ“ – поп-пејачката Зорица Зои Блаж и словенечкиот спортист Тадеј Матијашиќ. На изложбата ќе има и музичка програма и поезија.

Блажевска (1990) дипломирала графички дизајн на Европскиот универзитет-Скопје и учествувала на седум групни изложби.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река