Прва еколошка машина за перење во светот

Од:

Машините за перење на јужнокорејската компанија ЛГ Електроникс го добија признанието „Грин Продакт Марк“ од престижната агенција за сертификати „TUV Rheinland“.

Сертификатот „Грин Продакт Марк“ им се доделува на апарати со изразени еколошки карактеристики, а ЛГ машината за перење со предно полнење е првиот производ од областа на домашни апарати кој го добил ова признание.

Една од главните причини за добивање на овој сертификат се наоѓа во Инвертер Дајрект Драјв технологијата, благодарејќи на која машината за перење ја намалува потрошувачката на енергија за 50 отсто во однос на конвенционалните модели.

ЛГ машините за перење користат издржлив Дајрект Драјв мотор, кој овозможува шест различни типови на движење прилагодени за сите видови на ткаенини, а во исто време ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија и времето потребно за процесот на перење на облеката. ЛГ Инвертер Дајрект Драјв моторот поседува гаранција од дури 10 години, ја зголемува трајноста на машината за перење и ја унапредува нејзината енергетска ефикасност.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска