Прв прототип на ТЛЕД сијалица на „Филипс“

Од:

Истражувачи на компанијата „Филипс“ направиле прототип на сијалица под името ТЛЕД, која произведува рекордни 200 лумени по ват висока квалитетна бела светлина, поради што овој производ е двапати поефикасен од досегашните сијалици и овозможува двојно намалување на потрошувачката на
енергија.

„Филипс“ соопштува дека повеќе од 19 отсто од потрошувачката на струја во светот се препишува на осветлувањето, а новата иновација ќе влијае на масовната заштеда на енергија и трошоци ширум светот.

ТЛЕД сијалицата од 200 lm/W би требало да се најде на пазарот во 2015 година за канцелариска и индустриска употреба, пред да биде подготвена и за домашна употреба, се наведува во соопштението.

Ова е првпат инженери за осветлување да успеат да постигнат ефикасност од 200 lm/W, а притоа да не го загрозат квалитетот на осветлувањето и сите строги параметри кои ги бара канцелариското осветлување да бидат исполнети.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска