Прв број на Супермен пронајден на таван

Од:

Дејвид Гонзалес од гратчето Хофман во Минесота не знаел што крие неговиот таван, се до неодамна кога открил дека го поседува Светиот грал за љубителите на стрипови – првиот број во кој дебитира Супермен.

Стрипот од 1938 година се наоѓал во купот стари весници, се додека Гонзалес не одлучил да ја реновира куќата.

Откако проверил и утврдил дека стрипот многу вреди, дошло и до првата кавга околу идното делење на парите. Се појавила и тетката на неговата сопруга, барајќи дел од заработувачката. Гонзалес се изнервирал и го извлекол стрипот од рацете на неименуваната госпоѓа, при што се искинала последната страница.

– Не ме интересираат парите. Не ме интересираат. Тоа е мој стрип и ако сакам ќе го запалам, и рекол тој на сопругата.

Кога ја контактирал њујоршката колекционерска куѓа КомикКонект, неговиот стрип добил оценка 1,5 на скала до 10. Неодамна еден друг стрип, кој исто така беше број еден со Супермен, беше продаден на аукција со оценка девет, а сопственикот заработи 2,1 милиони долари.

Стрипот на Гонзалес сега се наоѓа на аукција и до вчера достигна цена од 137 илјади долари. Гласањето завршува на 11 јуни, кога ќе се знае конечната сума за која ќе биде продаден. Тој ќе добие половина од сумата, а другата половина ќе оди кај акционерската куќа.

– Не сум алчен за пари, повеќе сакам да ги заработам, рече Гонзалес.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он