Блогерката Аша Дорнфест од сајтот babble.com штотуку ја прослави 18-годишнината од бракот и по повод тоа објави пет работи, кои според нејзино мислење се предуслов за успешен брак.
1. Ситниците го градат силниот брак
Малите работи – такво клише, но и голема вистина. Секоја постапка е како тула. Вие избирате дали ќе ги користите за да создадете темел или ѕид.
2. Но важни се и големите гестови
Купување на цвеќе, ѓердани, ајпад или слободен ден од перење нема да се случува секој ден. Но ќе овозможи вашиот парнер/партнерка да ја прекине рутината и да се почувствува забалежан/а. Понекогаш само тоа е доволно работите да тргнат во позитивна насока.
3. Никогаш не го потценувајте значењето на смеењето
Животот е понекогаш тежок, досаден и навистина напорен. Тука се вклопува уште едно клише – да не е смешно, би било тажно. Затоа смејте се и тоа многу. Што ви е на двајцата смешно? Комедиите? Приватните шеги? Составете листа на работи, кои на двајцата ви се смешни и барем еднаш дневно дозволете си заедно да сторите нешто од тоа. Ќе бидете благодарни.
4. Сите добри бракови имаат споредни актери
Постои чудна заблуда дека брачната заедница би требала да функционира сама за себе, одвоена од сите останати. Животот е многу повеќе од две личности. Споредните актери кај сите изгледаат различно. За некого тоа е чистачката, за друг дадилката.
Порано или подоцна нешто ќе ве растресе и ќе биде потребно повторно да пронајдете рамнотежа. Можеби тоа ќе биде нешто ситно, како несреден дом или грди навики. Или нешто поголемо – губење на работата, болест. Можеби нешто добро – нова работа или добивка на лото. Или нешто лошо – смртен случај во семејството или афера. Без разлика што е во прашање, постојат луѓе, кои можат да ви помогнат. Некому брачен советник, некому психијатар. Некому му е потребен финансиски советник. Некому му треба само поширокото семејство и пријателите. Но секому му треба некој од страна.
5. Однесувајте се кон сопругот/сопругата онака како што би сакале вашето дете да се однесува кон своето дете
Важно е да запомните дека вашите деца навистина го следат вашиот пример. И им должиме да бидеме свесни за тоа што ги учиме. А себе си си должиме длабоко да копаме за да дојдеме до добрите работи.