Протекоа лозинки за најавување на Фејсбук, цената изнесува 2,6 долари

Од:

Информации за корисничко име и лозинка на Фејсбук од страна на хакери се продаваат за само 2,6 долари, се вели во ново истражување на интернет-страницата „Мани Гуру“.

Извештајот е објавен кусо по сознанијата за големиот упад во 50 милиони профили на Фејсбук. Во истражувањето се напоменува дека хакираните и-мејл адреси и лозинки се продаваат на т.н. „Дарк веб“ (дигитално подземје).

Истражувањето било засновано врз достапност до лозинки од 26 најчесто користени профили на интернет. На тој сив интернет пазар може да се купат и финансиски податоци, на пример, за кредитни и дебитни картички – тие чинат од 14 до 19,5 долари.

Така, практично е можно да се купи чиј било онлајн идентитет за помалку од илјада долари.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он