Љубителите на современиот дизајн по правило инсистираат на отстранување на сите непотребни детали и користење само на функционален мебел и додатоци.
Пример за ваква куќа е „Каза 5“ на колумбиското студио „Аркитектура ен Естудио“, која на нејзините станари им овозможува да уживаат во погледот кон околните планини и блиската долина преку големите стаклени прозорци.
„Каза 5“ има пространа тераса со многу цевќиња и фонтана, која е поврзана со дневната соба и трпезарискиот простор, кои практично се споени со оваа зелена оаза.
Дневната соба со својот минималиситчки стил е осмислена како простор кој е идеален за уживање, разговори и гледање телевизија, додека кујната е уредена на начин кој создава чувство на светлина и транспарентност.
На горниот кат на куќата се сместени спалните соби, до кои од приземјето се доаѓа преку дрвени скалила.
Иако куќата навидум делува сосема обично, природното опкружување во неа оздава несекојдневен амбиент.