Астрономите забележаа „одметната“ планета или „планета – сираче“, како лута сама во вселената, надвор од орбитата на било која ѕвезда, јавува BBC и додава дека планетата е 100 светлосни години оддалечена од Земјата.
Теоретски такви, осамени планети се возможни но, досега не е забележана ниту една.
Релативната близина на „одметнатата планета“ им овозможила на астрономите да пресметаат дека е млада, односно дека постои помеѓу 50 и 120 милиони години.
Текстот за планетата, наречена CFBDSIR2149-0403, ќе биде објавен во списанието „Astronomy and Astrophysics“.
Се смета дека планетата станала „сираче“ така што излегла од орбитата на ѕвездата-домаќин или таа планета е всушност осамена ѕвезда која не успеала да собере материјал и да достигне доволна големина за да зрачи.
Научниците сметаат дека температурата на новонајдената планета е околу 400 степени целзиусови, а според масата таа е 4 до 7 пати поголема од Јупитер.