„Пронајден“ мечот на крал Артур

Од:

Девојче извлече меч од езерото во кое што, според британската легенда, кралот Артур го фрлил својот Екскалибур.

Малата Матилда Џонс била на одмор со своето семејство крај брегот на езерото Дозмари во округот Корнвол, и додека се шетала покрај водата, забележала нешто светкаво, метално. Го повикала татко и и тогаш го откриле мечот со должина од околу 1,20 метри, колку што е високо и девојчето.

Легендата за крал Артур се прераскажува во британскиот фолклор со векови. Според неа, Артур го добил својот меч Екскалибур од „Жената од езерото” и на смртната постела, му порачал на свој витез да го врати оружјето од каде што е земен. Кога рицарот го фрлил, од водата се појавила раката на мистичната жена, го прифатила мечот и го одвлекла во длабочините на Дозмари.

Легендата истакнува дека оној кој ќе го најде Екскалибур, ќе биде законски наследник на британскиот престол.

За жал, според вештите лица, мечот на Матилда нема археолошка вредност и според експертизата, се работи за филмски реквизит.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски