Промоција на првиот македонски електричен автомобил – ЗАС Г20

Од:

Првиот македонски електричен автомобил развиен од тимот на ББ Класик Карс со кодно име ЗАС Г20 денеска ќе биде претставен во Скопје.

ЗАС Г20 има ретро дизајн и влегува во доменот на малите електрични автомобили.

Возилото, според податоците на производителот, има нулта емисија на јаглероден диоксид, досег со едно полнење до 150 километри во реални услови на возење, како и максимална брзина ограничена на 130 километри на час.

Времето на полнење изнесува 3-3,5 часа на домашен мрежен приклучок, исто толку и на јавен наизменичен приклучок, а на јавен брз еднонасочен полнач доволни се 15 минути.

ЗАС Г20 е резултат на повеќегодишно професионално ангажирање на тимот на ББ Класик Карс, во соработка и со поддршка на повеќе специјализирани фирми и занаетчии, како и со финансиската поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Првиот македонски електричен автомобил на „Еколог“ го нема: „Дестани ме исфрли од “Некст е.ГО’, фирма која јас ја основав“

A1on

Возењето електричен автомобил носи заштеда од 190 евра месечно, покажуваат податоци

А1он

Речиси една десетина од продадените автомобили во Франција во 2021 година биле електрични

А1он

Харис демонстрираше како се полни електричен автомобил и порача изградба на 500.000 станици за полнење

А1он

Форбс: Електричните автомобили од Кина ќе доминираат на светскиот пазар

А1он

Само еден процент од возилата на патиштата во Европа во 2018 година биле електрични

Ана Ололовска