Произведен метал што не тоне во вода

Од:

Американски научници во соработка со армијата на САД прозведоа нов метал што не потонува во вода, објави „Мејл он Лајн“.

Материјалот, кој претставува композит со метална матрица, е толку лесен што може да плови на вода, па така брод произведен од овој метал не би потонал дури и да има оштетување на трупот.

Новиот метал би можел да ја подобри и ефективноста на автомобилите, бидејќи незначително се шири на виски температури.

– Овој исклучително лесен композит со метална матрица може да ја врати автомобилската индустријата на користење на материјали од метал, изјави еден од творците на новиот метал, Нихил Гупта од Њујоршкиот политехнички универзитет.

Според него, поради својството на овој метал да се шири незначително на виски темпратури, тој би можел да се користи и за производство на мотори и компоннети низ кои минуваат издувни гасови.

Композитот е изработен од магнезиумска легура засилен со шупливи сферични честички од силициум карбид, со што неговата густината е само 0,92 грама на сантиметар кубен. За споредба, густината на водата е еден грам на сантиметар кубен.

Покрај ова, материјалот е доволно цврст за да ги издржи тешките услови на отворено море, бидејќи една сфера на силициум карбид може да издржи притисок од околу 1.700 килограми на еден сантиметар квадратен.

Шупливите честички обезбедуваат и заштита од надворешен удар, бидејќи може да ја апсорбираат енергија од судирот.

Композитот може да се произведува со различна густина со менување на бројот на сферите во металната матрица, а во него може да се вметнат и друг вид огноотпорни магнезиумови легури.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска