Проекција на „Трето полувреме“ во Лос Анџелес

Од:

Во салата „Вилсир“ во Беверли Хилс денеска ќе биде прикажан филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, во рамки на Американскиот филмски маркет  и т.н. Проекции за Оскар.

„Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски е меѓу десет кандидати за номинација за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје кои ќе имаат специјални проекции во Лос Анџелес, од 1-ви до 7 ноември во рамки на Американскиот филмски маркет.

–  Целта на прикажувањето е да им се даде максимален публицитет на филмските наслови и да се создаде простор за американска дистрибуција на филмовите.

„Трето полувреме“ во трката за Оскар ќе се прикажува пред дистрибутерите и меѓународните купувачи, но и пред членовите на Американската филмска академија, информира Филмскиот фонд на Македонија.

Претставувањето на филмовите го организираат European Film Promotion и Програмата Media на Европската унија.

Годинава се пријавени рекорден број –  71 филм за номинација за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје. Од нив ќе бидат избрани пет филма за официјални номинации.

Тие ќе бидат објавени на 10 јануари, а церемонијата на доделување на оскарите ќе се одржи на 24 февруари.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид