Продолжение на „Trainspotting“ со оригиналната средновечна екипа

Од:

Две декади откако избраа хеорин пред живот, ѕвездите на британскиот филм „ Trainspotting “ ќе снимаат продолжение, како ликовите влегуваат во средновечна криза.

По кружењето на неколку гласини, режисерот Дени Бојл потврди дека сценариото се подготвува, а планот е да биде завршен во 2016-та година, на 20-годишнината на оригиналот.

„Ова одамна се очекуваше. Отсекогаш постоеше овој долгорочен план за продолжение на филмот“, вели режисерот за канадскиот филмски веб-сајт „Д Плејлист“.

Тој верува дека ќе може да ја собере целата екипа од оригиналот.

„Причината за новото снимање е бидејќи луѓето многу го сакаат оригиналот, го помнат или се сретнале со него, ако не го гледале бидејќи биле млади“, додава тој.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ