Продажбата на смартфони во 2013. првпат поголема од таа на класичните мобилни телефони

Од:

Продажбата на смартфони оваа година првпат ќе ја надмине продажбата на класични мобилни телефони и тоа се должи на „апетитот“ на економиите со брз развој на тој пазар.

Според американската истражувачка компанија Инртернешнл Дата Корпорејшн (Ај-Ди-Си), смартфоните ќе имаат удел од 52,2 отсто на пазарот во светот и ќе достигнат бројка од 958,8 милиони продадени апарати. Тоа според компанијата значи пораст од 32,7 проценти.

Продажбата на смартфоните е поголема од таа на класичните мобилни телефони уште од почетокот на годината, додава компанијата.

– 2013 година ќе биде повратна за смартфоните, очекуваме јазот меѓу нив и обичните мобилни телефони да се зголеми, изјави експерт на Ај-Ди-Си.

Побарувачката на смартфони, поврзани со Интернет се зголемува во земјите со забрзан развој, каде тие се поевтино средство за пристап до некои од функциите на компјутерот.

Оваа тенденција е мошне позитивна за производителите, како кинеските ЗТЕ и Хуавеи, кои нудат пониски цени од тие на гигантските Самсунг и Епл.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска