Продавницата „Хитлер“ ќе го промени името поради протести

Од:

Сопственикот на продавницата „Хитлер“, Манис Чандан изјави денеска дека компанијата ќе го промени своето име по протестите на еврејската заедница и Владата на Индија.

Во продавницата се продава облека од запад, а ја отвори во текот на минатиот месец во Ахмедабад, Гуџарат (западниот дел на Индија). Над вратата со големи бели букви стои нејзиното име „Хитлер“ со свастиката како точка на буквата „и“.

Припадниците на помалите еврејски заедници во Ахмедабад го осудија името на продавницата, додека еден високорангиран израелски официјален претставник го презентираше проблемот и пред владата.

„Наскоро ќе го променитме нашето име. Владата и Еврејската заедница ни вршат огромен притисок да се откажеме од него“, изјави Чандан.

Тој истакна дека не ја очекувал оваа реакција, уште помалку меѓународно внимание и протести. Немал намера да го слави нацистичкиот лидер, туку својот дедо, кој го носел тој прекар и бил многу строг човек.

Би можело да ве интересира

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Познатата пејачка се онесвести на сцената додека настапуваше

А1он

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ