Најпознатиот секс експерт на светот Трејси Кокс тврди дека на привлечноста влијае ставот што луѓето го имаат за себе си.
Таа тврди дека привлечните луѓе се свесни за својот изглед и воглавно веруваат дека изгледаат добро. Сепак луѓето кои често се грижат за својот изглед најчесто не се сметаат за привлечни, иако всушност се.
Луѓето потсвесно се поврзуваат со лица за кои мислат дека им се слични, посебно во физичка смисла. Кокс советува да се погледнат фотографиите од поранешните партнери. Како што тие изгледаат таков бил вашиот став за сопствениот изглед.
Емоционалната интелегенција е клучен фактор на привлечноста. Но, на емотивната интелегенција може да се работи, односно да се зголемува. Искреноста, верноста, грижливоста и сочувствителноста се квалитети кои на секого му се привлечни.
Секој е привлечен од весели луѓе кои лесно комуницираат со другите, за разлика од затворените и недопирливи лица. Хуморот исто така е важен. Сите ги сакаат луѓето кои знаат да ги насмеат и да ги орасположат.
Кокс истакнува и дека жените постари од 40 години никогаш не изгледале подобро отколку сега. Неколку истражувања покажале дека мажите тешко можат да ги согледаат разликите меѓу 20-годишните и 40-годишните жени, благодарение на разните козметички средства и естетските операции. Покрај тоа жените со годините се подобро се чувствуваат во сопствената кожа, а ништо не е попривлечно од самодовребата.