Канадската компанија „Рисрч ин Моушн“ РИМ го претстави новиот Блекбери 10 кој има целосно нов оперативен систем и нов хардвер.
Новиот Блекбери 10 е претставен во црна боја со многу елегантен дизајн.
Извршниот директор Торстен Хеинс истакан дека тоа е најубавиот Блекбери што некогаш е претставен. Телефонот има специјално дизајниран екран осетлив на допир, што овозможува јасна и остра слика. Блекбери 10 има и одлична ХД камера.
За време на прес конференцијата за претставувањето, Хеинс објави дека нов глобален креативен директор на компанијата е популарната појачка Алиша Кис.
– Фасцинирана сум од технологијата. Отсекогаш сум сакала директно да работам со вакви компании, изјави Кис, пренесува „Мешабле“.
Пејачката на платформата ќе работи заедно со програмерите, како и со други уметници. Кис на својот Твитер профил објави дека е многу возбудена околу новата соработка.