Главоболката е едно од најчестите болни состојби кај луѓето, но за разлика од мигрената, таа не е невролошки проблем. Најчесто е симптом на стресот, некоја болест или нездрав начин на живот, на пример гладување или несоница.
Главоболката ги мачи многумина и во циклуси може да трае неколку недели.
Освен конвенционалното лекување со аналгетици, односно лекови против болка, народната медицина препорачува десет природни начини за лекување на главоболката на напнатоста во вратот.
1. Вода – Дехидрацијата на организмот често доведува до главоболка, а оваа состојба се појавува и по мамурлукот. Откако ќе почувствувате болка, испијте чаша вода, а во текот на денот пијте вода во малуи голтки.
2. Чај – Кофеинот во чајот може да ја намали главоболката, но ако претерувате симптомите можат да се влошат. За моментно олеснување на главоболката можете да испиете и свежо отворена кола, но ако инаку конзумирате поголеми количини чај, кафе и газирани сокови, немојте да претерувате.
3. Ѓумбир – Сварете домашен чај од ѓумбир – сомелете го коренот на ѓумбирот и ставете го во зовриена вода.
4. Масло од нане – Нанесете масло од нане по работ на косата и делови на главата на кои чувствувате болка. Свежото нане ќе создаде чувство на ладење и ќе ги опушти мускулите во вратот. Нането е одлично за синусите и на тој начин помага во доведувањето на поголеми количини кислород во крвотокот.
5. Масло од лаванда – Маслото од лаванда има пријатен мирис и како и маслото од нане, исто така се користи за ублажување на главоболките и мигрената. Ставете две до четири капки масло во зовриена вода и користете го за инхалирање. Ова масло не се зема орално.
6. Рибино масло – Конзумирање на додатокот во исхраната што содржи рибино масло помага во воспалителните процеси и стеснување на крвните жили во слепоочниците.
7. Бадеми – Бадемите содржат хемикалии кои делуваат во борбата против болки и намалување на симптомите на главоболката. Семките од лен, како и бадемите содржат омега-3 масни киселини што исто така можат да помогнат против главоболката.
8. Масажа – Лесната масажа помага во намалувањето на главоболката, подобрување на циркулацијата и ја намалува напнатоста. Со кружни движења на прстите масирајте ги слепоочниците или масирајте ја главата за време на миењето на косата. Ако имате сува коса, измасирајте ја главата со кокосово или арганово масло.
9. Студени облоги на очите – Студени облоги на очите може да ја ублажи главоболката и напнатоста.
10. Правилно држење – Лошото држење може да предизвика слабеење на мускулите во вратот и грбот, а поради напнатите мускули настанува главоболката. Потрудете се да се држите исправено кога одите, но и кога седите.